2. Aлатки за online пребарување.
Како прво би сакале да дефинираме што подразбираме под Интернет пребарување. Погоре беше наведено дека во глобалната мрежа се наоѓаат огромен број на податоци и информации кои се лоцирани на исто така огромен број WEB страници. Активностите кои што ги преземаме, за да дојдеме до оние податоци кои што нам ни се потребни, ги нарекуваме Интернет пребаување. Притоа користиме online алатки кои ни го овозможуваат и олеснуваат пребарувањето.
Информации за одредени корисни извори (WEB страни), можеме да дознаеме и преку телевизија, списанија, пријатели, други WEB страни итн, но многу често ќе бидеме во ситуација да тргнеме од нула и да започнеме со Интернет пребарување.
Бидејќи постојат навистина огромен број на податоци, во пвеќето случаи на пребарвање ќе се судриме со проблемот како да дојдеме до вистинските информации помеѓу голем број бескорисни податоци. Затоа би било корисно да знаеме какви и кои алатки можеме да користиме и како нив да ги употребуваме на ефикасен начин.
Алтките кои што ни стојат на располагање за online пребарување можеме да ги поделиме на:
- Интернет пребарувачи (Општи пребарувачи) и
- Бизнис информациони WEB страни
а) Бизнис портали
б) Бизнис пребарувачи
в) Бизнис директориуми и
г) Online берзи.